Министерството за здравство соопшти дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на коронавирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот е италијански државјанин. Тој има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет на Визер од Милано пристигнало во Скопје.
„Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол. Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе ја известиме јавноста“, стои во соопштението од кабинетот на министерот Венко Филипче.
Б. НЕСТОРОСКА