ЕДНОГОДИШНО БЕБЕ ОД ГОСТИВАР МЕЃУ 11 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, УШТЕ 333 БОЛНИ ОД 3.511 ТЕСТОВИ

    ЕДНОГОДИШНО БЕБЕ ОД ГОСТИВАР МЕЃУ 11 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, УШТЕ 333 БОЛНИ ОД 3.511 ТЕСТОВИДетето престојувало во дом за деца без родители во Битола и повеќекратно било хоспитализирано на Клиниката за детски болести поради компликации во склоп на бројните основни заболувања. (Фото: СДК.МК)

    Едногодишно бебе од Гостивар е меѓу вкупно 11 починати од ковид-19, а за 2 часа регистрирни се уште 333 болни од 3.511 тестови, соопшти Министерството за здравство. Како што вели Министерството, според податоците од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола и повеќекратно било хоспитализирано на Клиниката поради компликации во склоп на основните заболувања остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациона кардиомиопатија.

    „До денот на последната хоспитализација, детето е хоспитализирано во Клиничка болница Битола каде поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021 кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на ковид-19 , е упатено во ИБЗД Козле. По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64% , а во претходен договор , од ИБЗД Козле детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и соодветно лекување. Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар, кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година , кога и покрај сите преземени дејствија за лекување и реанимација, завршува летално“, соопшти Министерството.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1г до 86г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

    Новите случаи се од Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по 8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.

    Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Битола – 23, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Куманово – 13, Струмица и Штип – по 9, Валандово и Велес – по 8, Неготино – 7, Гевгелија – 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Крушево и Свети Николе – по 4, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово – по 3, Кичево – 2, Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

    Направени се 3.511 тестови преку: ИЈЗ-252, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–114, Жан Митрев (Филип Втори)-74, Авицена-182, Биотек-180, Систина-68, лабораторија Лаор-126, Синлаб-12, Ремедика-12, Плодност–43, Генеа-12, Никоб лаб-311, ВФВ Медикал-97, Ели Медика-65, Ројал Медика–18, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–14, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.614.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Ковид-19. Вкупно дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 97775, Активни 2583
    Куманово 13084, Активни 108
    Тетово 11409, Активни 78
    Прилеп 10696, Активни 367
    Битола 9135, Активни 373
    Гостивар 8078, Активни 20
    Велес 7478, Активни 164
    Кавадарци 7349, Активни 224
    Охрид 6734, Активни 226
    Штип 6724, Активни 101
    Струмица 6257, Активни 130
    Кичево 4306, Активни 80
    Кочани 4089, Активни 50
    Струга 3920, Активни 22
    Гевгелија 2898, Активни 92
    Неготино 2626, Активни 39
    Свети Николе 2150, Активни 41
    Крива Паланка 1951, Активни 58
    Ресен 1842, Активни 83
    Радовиш 1805, Активни 45
    Берово 1477, Активни 15
    Делчево 1462, Активни 55
    Дебар 1457, Активни 1
    Виница 1177, Активни 20
    Пробиштип 1141, Активни 15
    Валандово 1024, Активни 64
    Кратово 788, Активни 9
    Богданци 676, Активни 30
    Демир Хисар 638, Активни 28
    Крушево 606, Активни 21
    Македонски Брод 522, Активни 16
    Демир Капија 433, Активни 5
    Македонска Каменица 429, Активни 20
    Пехчево 357, Активни 1
    Дојран 173, Активни 1

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира