„ЕЈЏИАН“ ЌЕ ГИ РЕДУЦИРА ЛЕТОВИТЕ НА ЛИНИЈАТА АТИНА- СКОПЈЕ

    „ЕЈЏИАН“ ЌЕ ГИ РЕДУЦИРА ЛЕТОВИТЕ НА ЛИНИЈАТА АТИНА- СКОПЈЕИнформација за летот за Скопје на аеродромот во Атина. (Фото: СДК.МК)

    Грчкиот национален авиопревозник „Ејџиан Ерлајнс“ ќе го намали бројот на летови на линијата Атина-Скопје во претстојната зимска сезона.

    Како што објави специјализираниот веб сајт „Екс-Ју авијација“, летови на оваа рута ќе има четири пати неделно, место шест како што имаше минатата зима.

    Линијата Скопје-Сараево на „Ејџиан“ нема да претрпи промени, па така ќе има три лета неделно во ноември и декември, а во јануари, февруари и март ќе има два неделно, што е идентично со минатата зимска сезона.

    „Ејџиан“ ја воведе линијата Скопје-Атина во ноември 2018 година, а линијата Скопје-Сараево беше воведена во октомври 2023 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира