ЕКОЛОШКИ НАЛЕПНИЦИ СО КОИ СЕ ЗАБРАНУВА ВОЗЕЊЕ КОГА Е ЗАГАДЕНО И СУБВЕНЦИИ ДО 5.000 ЕВРА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ ВОЗИЛА, ПРЕДВИДЕНИ СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА

    ЕКОЛОШКИ НАЛЕПНИЦИ СО КОИ СЕ ЗАБРАНУВА ВОЗЕЊЕ КОГА Е ЗАГАДЕНО И СУБВЕНЦИИ ДО 5.000 ЕВРА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ ВОЗИЛА, ПРЕДВИДЕНИ СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛАВозилата зависно од еколошките стандарди и погонот на моторот се поделени во три категории, и ќе добијат зелени, жолти и црвени налепници.Архивска фотографија од загадувањето во Скопје минатата зима (Фото: Ѓ. Личовски)

    Возилата во сообраќајот ќе добијат зелени, жолти и црвени налепници во зависност од тоа во која еколошка категорија спаѓаат, а кога општините и Градот Скопје ќе утврдат надминување на прагот на загаденост ќе им биде ограничено движењето зависно од тоа колку загадуваат.

    Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кажа дека ова е предвидено со најновите измени на Законот за возила, со кој освен еколошки налепници за возилата, се предвидени и субвенции за купување електрични и хибридни возила. Според него, овие мерки ќе имаат позитивно влијание за намалување на загадувањето на воздухот и за здравјето на граѓаните.

    „Со предложените измени на Законот за возила Владата почнува со координирана и интегрирана акција во борбата за здрава животна средина и справување со аерозагадувањето, во кое урбаниот транспорт претставува важен сегмент“, рече Макрадули.

    Со еколошките налепници возилата се поделени во три еколошки категории во зависност од европските емисиони стандарди: ЕУРО 1, ЕУРО 2, ЕУРО 3, ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и од погонот на моторот на возилото, односно дали користи течен нафтен гас или компримиран земјен гас, дали е на електричен погон или е хибридно возило.

    Во првата категорија или возила кои ќе добијат зелена еколошка налепница се оние со ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила. Овие возила ќе може слободно да се движат во заштитените зони.

    Во втора еколошка категорија возилата ќе добијат жолта налепница, а тоа се оние со емисиони стандарди од ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас. За нив ќе има ограничување за движење во сообраќајот во зоните и местата каде има аерозагадување.

    Во трета категорија се возилата со емисиони стандарди од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. Тие ќе добијат црвена боја и за нив ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.

    Еколошката категоризација на возилото ја прави овластена техничка служба.

    Со законските измени и со заклучоци на Владата Министерството за економија се задолжува да воведе Програми за субвенции при купување на возило на електричен погон или поврат на дел од средствата на физичките или правните лица, кои ќе купат возило на електричен погон или хибридно возило.

    Со програмата за субвенционирање за купување електрично или хибридно возило се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, и 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило. Во првата година се предвидени субвенции за 200 возила.

    Со програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постоечките возила, предвидено е да се субвенцинира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се прдвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно.

    Има и програма за субвенционции при купување нови возила со одјава на старо возило, за да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и да се обнови возниот парк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира