ЕКСДИРЕКТОРКАТА НА МПМ ЈАНА СТАНИСАВЉЕВА НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА ЛАЖЕН СТЕЧАЈ И ЗЛОУПОТРЕБИ КОН ДОВЕРИТЕЛИ

    ЕКСДИРЕКТОРКАТА НА МПМ ЈАНА СТАНИСАВЉЕВА НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА ЛАЖЕН СТЕЧАЈ И ЗЛОУПОТРЕБИ КОН ДОВЕРИТЕЛИЈана Станисављва со адвокатот Антонио Апостолски на пријавницата во Специјалното јавно обвинителство. (Фото: СДК.МК)

    На распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дојде Јана Станисављева, поранешната директорка на пропаднатата компанија „Медиа принт Македонија“ (МПМ), во чиј склоп беа згаснатите дневни весници „Вест“, „Дневник“ и „Утрински“ и магазинот „Теа Модерна“.

    Станисављева, дознаваме, е повикана во својство на осомничена за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра и за други дела.

    Таа влезе со адвокатот Антонио Апостолски и не сакаше да даде изјава.

    По неа, околу пладне треба да пристигне вториот осомничен, ексдиректор на МПМ Срѓан Керим. И тој како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК е осомничен за истите кривични дела.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира