ЕКСДИРЕКТОРОТ НА СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ОД ДУИ СТАНА ОРГАНИЗАЦИСКИ ДИРЕКТОР НА КАРДИОЛОГИЈА

    ЕКСДИРЕКТОРОТ НА СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ОД ДУИ СТАНА ОРГАНИЗАЦИСКИ ДИРЕКТОР НА КАРДИОЛОГИЈАШабани му се заблагодари за довербата на претседателот на ДУИ Али Ахмети (Фото: Фејсбук)

    Поранешниот директор на скопска „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани кадар на ДУИ стана организациски директор на Клиниката за кардиологија. Шабани денеска на својот Фејсбук профил објави дека станал директор на Кардиологија, споделувајќи фотографија од новото работно место.

    Денеска ја преземав функцијата организациски директор во Клиниката за Кардиологија во Скопје. Им се заблагодарувам на сите пријатели за поддршката особено за довербата на претседателот на ДУИ, господин Али Ахмети. Ќе бидам на услуга на сите граѓани без разлика на етничката, верската или партиската припадност“, напиша Шабани.

    Шабани беше поставен за директор на ЈП „Комунална хигиена“ во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Беше разрешен во декември 2021 година откако Арсовска стана градоначалничка на Скопје и на негово место беше поставен Зуди Енус кадар на Алијанса за Албанците.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира