ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧНИОТ СУД ПАНЧЕВСКИ БИЛ СО СДСМ, ТВРДИ НЕГОВИОТ ТУЖИТЕЛ СТАМЕНКОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧНИОТ СУД ПАНЧЕВСКИ БИЛ СО СДСМ, ТВРДИ НЕГОВИОТ ТУЖИТЕЛ СТАМЕНКОВСКИ

     

    Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски бил член на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), тврди Горан Стаменковски од Кривичниот суд, кој го тужи Панчевски за мобинг. Панчевски ни денес, како ни на првото судско рочиште против него, не дојде во Основниот суд Скопје 2. Место него, беа петмина негови бранители.

    Судењето се одложи за 24 февруари, бидејќи адвокатите на тужениот Панчевски побараа писмено да одговорат на тужбата против нивниот клиент.

    Според тужбата, Панчевски подолг временски период го прераспоредувал раководителот на човечки ресурси Горан Стаменковски на други работни позиции и го казнувал. Дури, морал и да исполни норма која не постои во праксата на судот. Освен тужбата за мобинг, Стаменковски поднел и две кривични пријави против Панчевски и тоа за малтретирање во службата и за повреда на рамноправноста.

    Пo денешното рочиште Стаменковски во изјава за медиумите рече: “Откако со спогодба бев префрлен од Основниот суд Скопје 2 во Основниот суд Скопје 1, усно без задолжен да ја преземам и распределувам по судиите поштата која пристигнуваше во Судот, а беше наменета за Одделението за организиран криминал и корупција – истрага, со која активност продолжив и по добивањето на решението со кое бев унапреден во раководител на човечки ресурси. Сето ова се промени откако на Панчевски му беше пратена фотографија од пред Министерството за правда, од која е евидентно дека сум одел на протести на Шарената револуција, што очигледно не му одговраше на Панчевски, како тогашен претседател на Кривичниот суд. А јас таму бев присутен, бидејќи знаев дека тој е член на Социјалдемократскиот сојуз и мислев дека тоа нема да му пречи. После ова, Панчевски им нареди на колегите од приемно одделение повеќе да не ми даваат никаква пошта“.

    Стаменковски во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснува дека Панчевски бил член на Социјалдемократската младина, се скарал со СДСМ во времето кога премиер бил Владо Бучковски и оти кога станал претседател, преминал кон поддржување на власта, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Панчевски по оваа изјава на Стаменковски испрати писмена изјава до САКАМДАКАЖАМ.МК во која вели: „Верувам во правдата на Основниот суд Скопје 2 со најголемо почитување кон судот и судијата кој ја води постапката без оглед на исходот на истата. Според закон, немам обврска да присуствувам на судењето. Инаку, јас за разлика од тужителот имам дневни работни обврски, а тужителот бидејќи е неработник и мотивите за оваа фингирана постапка се негови лични фрустрации и фрустрации на неговите адвокати, добро познати на јавноста. Во постапката од моја страна има полномошници кои професионално ќе си ја завршат работата. По измислиците за тавчињата, решоата, грамафоните и касетофоните поголема глупост немам слушнато, што реално кажува за менталниот капацитет на тој што ја дал изјавата“, напиша Панчевски.

    Стаменковски, пак, не одговори на навредите од екпретседателот на најголемиот суд во Македонија и рече: „Вистината за Кривичниот суд и за работата на Панчевски, наскоро ќе излезе на виделина“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира