ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧНИОТ СУД ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ ОСУДЕН ЗА МОБИНГ

    ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧНИОТ СУД ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ ОСУДЕН ЗА МОБИНГОва е прва пресуда за мобинг против судија, односно претседател на суд кај нас. - Владимир Панчевски

    Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски е осуден за мобинг. Граѓанскиот суд денеска донесе одлука дека се потврдува тужбата против Панчевски, поднесена од Горан Стаменковски, поранешен раководител на Одделот за човечки ресурси во овој суд. Спорот по приватна тужба од Стаменковски против Панчевски се води од јануари годинава.

    Стаменковски го тужеше Панчевски дека неосновано го разрешил од раководната функција, дисциплински го казнил и го преместил во судот за прекршоци. Навел повеќе причини за мобинг врз него, кои на судењето ги поткрепуваше со изјави од вработени од Кривичниот суд.

    Ова е прва пресуда за мобинг против судија, односно претседател на суд кај нас. Судијката која денеска ја донесе одлуката, рече дека Панчевски има право на жалба до Апелациониот суд Скопје. Панчевски не е претседател на судот веќе една година, раководи тричлен кривичен совет, а конкурирал повторно за претседател на Основниот суд Скопје 1.

    По правосилност на пресудата, тужителот, во случајов Стаменовски, во одделна постапка може да бара парична оштета.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира