ЕПИДЕМИЈАТА НА МАЛИ СИПАНИЦИ СЕ ШИРИ, ЌЕ ЗАПРЕ САМО СО ВАКЦИНИРАЊЕ

    ЕПИДЕМИЈАТА НА МАЛИ СИПАНИЦИ СЕ ШИРИ, ЌЕ ЗАПРЕ САМО СО ВАКЦИНИРАЊЕ„Над 2.000 лица дошле да го испитааат својот имунолошки статус, дали има потреба да се вакцинираат. Уште еднаш апелирам да се вакцинираат и да не се сомневаат во квалитетот на вакцините“, вели Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје (Фото: СДК.МК)

    Епидемијата од мали сипаници не стивнува и, според податоците од Институтот за јавно здравје, досега се регистрирани 1.745 заболени. Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и член на Комисијата за заразни болести, рече дека последната недела се регистрирани над 110 заболени од мали сипаници, а од вкупниот број заболени од почетокот на епидемијата во Скопје, а потоа и во цела земја скоро седумдесет отсто се невакцинирани или со непознат вакцинален статус. Тој уште еднаш повика сите да се вакцинираат, бидејќи само така може да се запре епидемијата.

    „Неделава во Скопје се регистрирани помал број заболени од минатата недела, и според вкупниот број заболени уште малку ќе се изЕдначат заболените во Скопје и во другите делови од земјата“, рече Караџовски.

    Според податоците од ИЈЗ, во пет града и оваа недела има двоцифрени бројки на заболени, односно во Скопје, Тетово, Куманово, Кичево и Штип.

    Караџовски кажа дека од вкупниот број заболени досега околу десет отсто се здравствени работници, односно околу 200 лица. Од вкупниот број вакцинирани над 14-годишна возраст се 2.500 или 70 отсто се здравствени работници, студенти и средношколци на медицина.

    „Над 2.000 лица дошле да го испитааат својот имунолошки статус, дали има потреба да се вакцинираат. Уште еднаш апелирам да се вакцинираат и да не се сомневаат во квалитетот на вакцините“, рече Караџовски.

    Од почетокот на епидемијата досега се вакцнирале над 28.237 лица.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира