ЕУ ЈА ТРГНА МАКЕДОНИЈА ОД ЛИСТАТА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ И ПОВТОРНО ВОВЕДЕ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА ВЛЕЗ ВО БЛОКОТ

    ЕУ ЈА ТРГНА МАКЕДОНИЈА ОД ЛИСТАТА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ И ПОВТОРНО ВОВЕДЕ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА ВЛЕЗ ВО БЛОКОТМакедонските граѓани повторно ќе се соочат со построги контроли при несуштинските патувања во ЕУ (Фото: СДК.МК)

    Европската Унија ја отстрани Македонија од листата безбедни земји чии граѓани без ограничувања можат да патуваат во блокот поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. Покрај Македонија, од листата се тргнати и САД, Израел, Косово, Либан и Црна Гора.

    Оваа одлука значи дека македонските граѓани повторно ќе се соочат со ограничувања и построги контроли при несуштинските патувања во Европската Унија, како тестирање за коронавирус и карантин. Таа не е обврзувачка за сите членки на Унијата, туку секоја држава има право да воведе свои гранични правила.

    Таканаречената листа на безбедни земји, на која се најде и Македонија, беше усвоена од Брисел на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави. Сепак, листата е подложна на промени врз основа на ситуацијата со коронавирусот во секоја држава.

    Во изминатата недела, просечната дневна бројка на новозаразени во САД била 450 на милион жители, во споредба со 40 во средина на јуни. Стапката била уште полоша во Косово, Израел и Црна Гора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира