ЕУ НА 1 ЈУЛИ ЌЕ ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ ЗА ГРАЃАНИ НА 14 ЗЕМЈИ, МЕЃУ НИВ НЕ Е МАКЕДОНИЈА

    ЕУ НА 1 ЈУЛИ ЌЕ ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ ЗА ГРАЃАНИ НА 14 ЗЕМЈИ, МЕЃУ НИВ НЕ Е МАКЕДОНИЈАОд Брисел најавија дека листата ќе се ревидира на секои две недели (Фото: Гети)

    Македонија не се најде на листата земји на чии државјани ќе им биде дозволен влез во Европската Унија кога таа повторно ќе ги отвори своите надворешни граници в среда.

    Иако Брисел претходно најави дека планира на 1 јули да ги отвори европските граници за земјите од Западен Балкан, на листата на 14 „безбедни“ држави од регионот се најдоа само Србија и Црна Гора. Покрај нив, влез во ЕУ ќе им биде дозволен и на државјаните на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

    Од ЕУ најавија дека листата ќе се ревидира на секои две недели.

    Како и што се очекуваше, на листата не се најдоа САД, Русија и Кина. Брисел изрази подготвеност да ја вклучи и Кина, но само доколку таа им понуди реципроцитетен договор за патување на жителите на ЕУ.

    Членките на Европската Унија претходно ги укинаа внатрешните ограничувања за патувања.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари