ЕУ ПОЧНУВА ДА ГИ НАДГЛЕДУВА СУДЕЊАТА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И ВИСОКА КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИТЕ СУДОВИ

    ЕУ ПОЧНУВА ДА ГИ НАДГЛЕДУВА СУДЕЊАТА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И ВИСОКА КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИТЕ СУДОВИПоради навршување на 60 години на поротник, се враќа на почеток најголемиот и првиот предмет на СЈО „Титаник“ со 21 обвинет. - Од рочиште за „Титаник“ во април 2018 година (Фото: СДК.МК)

    Стартува меѓународниот мониторингот на случаите на организиран криминал и висока корупција, што е регионален проект на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјава, соопштија денеска од Министерството за правда.

    „Искрено верувам дека следењето на судењата за случаи на корупција на високо ниво и организиран криминал навистина може да биде еден од начините за постигнување позитивни резултати. Ќе ја зголеми одговорноста во работењето на обвинителите и судиите, истовремено ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата кај граѓаните во институциите и во својата држава“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

    Министерот вели дека ние сме прва земјава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на предмети за висока корупција и тоа, според него, покажува дека Владата има искрена намера за неселективна правда и транспарeнтни судски процеси.

    Мониторингот на ЕУ доаѓа откако месецов поради разрешување на судија и пензионирање на поротник на почеток се враќаат шест судења од предметите на поранешното СЈО, кои и онака се влечеа и до четири години.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира