ЕУ ТРЕБА ПОАКТИВНО ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОТ СО БУГАРИЈА, ВЕЛИ ПОРАНЕШНИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР ПАПАНДРЕУ

    ЕУ ТРЕБА ПОАКТИВНО ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОТ СО БУГАРИЈА, ВЕЛИ ПОРАНЕШНИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР ПАПАНДРЕУПапандреу вели дека е трагедија што приклучувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ трае олку долго. (Фото: Инстаграм)

    Вистинска трагедија е што приклучувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија трае олку долго, вели поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Папандреу, во изјава за емисијата „Надворешна” на Македонската радио-телевизија (МРТ).

    Како еден од клучните автори на познатата Солунска агенда од Самитот во Солун во 2003, каде што ЕУ за првпат се обврза и даде ветување за европската иднина на сите држави од Западен Балкан, Папандреу го коментираше новиот документ на Комисијата за проширување, велејќи дека не смее да им се дозволи на земјите-членки правото на вето да го користат против самиот европски процес.

    Папандреу ја повика ЕУ директно да се вклучи во олеснувањето и да помогне во решавањето на нашиот спор со Бугарија, но и на постоечките билатерални прашања на Балканот.

    „ЕУ треба да биде повеќе инволвирана и да помага. Ова не се однесува само за проблемот помеѓу Бугарија и Северна Македонија, туку мислам и на други земји од Западен Балкан кои можат да се придружат, Косово, Србија и БиХ. Ова се прашања каде што ЕУ треба да има улога и кои ако не се решат позитивно, можат да станат идни проблеми внатре во ЕУ. Европа мора да има не само позитивен поглед, туку и да биде поактивна и да се труди да ги реши сите овие прашања. И тоа не само легалистички, туку директно да се вклучи и да ги земе предвид сите приоритети и грижи и на постојните членки и на кандидатите“, рече Папандреу.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира