Цел автобус со 30 патници денеска тргнал од Скопје кон Бугарија со лажни ПЦР тестови. Турата била организирана од туристичка агенција од Скопје, а лажните тестови биле откриени при проверка на патниците на граничниот премин „Деве Баир”.
„Полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени“, велат од Министерството за внатрешни работи.
По проверката, од слобода биле лишени двајца албански државјани и биле изведени пред судија на претходна постапка. За останатите 28 патници – македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик, вели МВР.