ФАТИМЕ ФЕТАИ ЌЕ ЈА ЧУВА ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО ПРЕДМЕТ НА СЈО?

a:1:{s:9:"td_source";s:63:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК,Либертас)

    ФАТИМЕ ФЕТАИ ЌЕ ЈА ЧУВА ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО ПРЕДМЕТ НА СЈО?

    Старо новиот минситер за внатрешни работи Митко Чавков веќе го сменил Примислав Димовски од командант на Алфите и на позицијата го вратил Ивица Анчевски – Пуки, пред малку јави порталот Либертас, повикувајќи се на анонимни извори во МВР.

    Информацијата се уште не е потврдена официјално од МВР. Се работи за еден од 56-те помилувани од страна на претседателот Иванов, кој, колку што е познато, нема побарано повлекување на аболицијата.

    Министерот за внатрешни работи, Чавков, вчера го сменил и началникот на СВР Охрид Сашо Смилески и на негово место го поставил Гоце Недески.

    Пуки е еден од осомничените во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, случај за апсењето на Љубе Бошкоски, јави агенцијата Мета.

    Шарените револуционери носат маички со ликот на обвинителката Фатиме Фетаи инспирирани од нејзината прес конференција за случајот „Тортура“(Фото:СДК.МК)

    Шарените револуционери носат маички со ликот на обвинителката Фатиме Фетаи инспирирани од нејзината прес конференција за случајот „Тортура“(Фото:СДК.МК)

    Од Специјалното јавно обвинителство во средата потврдија дека по барање на обвинителката Фатиме Фетаи се преземени мерки за обезбедување на нејзиното живеалиште и на нејзиното семејство. Според Телевизија „Телма“, нејзиниот дом го обезбедуваат „Алфите“, единица со која командува помилуваниот полициски началник.

    Токму Фатиме Фетаи ја држеше прес конференцијата за „Тортура“ и прецизно, дури и со сочни пцовки објаснуваше како било вршено апсењето на Љубе Бошковски.

    Причината за зголемена безбедност околу Фетаи, според СЈО не се закани кон обвинителката туку претпазливост откако со безбедносни проценки е утврдено дека зголемени мерки се потребни поради лошата положба на домот на обвинителката.

    Ова е првпат да има зголемено обезбедување за еден од обвинителите и покрај постојаниот притисок и попречување на работата како што тврдат од СЈО во неколку наврати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира