ФИЛЏАНО И КЛАВИРО ВО БИТОЛА – СИМБОЛ НА ОТПОРОТ ПРОТИВ ТАЛЕСКИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:332:"ГрадоначалникотВладимирТалескидосеганесоопштилколкувкупнопарисепотрошениодопштинскатакасазачетиритекружнитековикоисебелегнаинфраструктурниотподемнаБитола";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФИЛЏАНО И КЛАВИРО ВО БИТОЛА – СИМБОЛ НА ОТПОРОТ ПРОТИВ ТАЛЕСКИ

    Да знаеше битолскиот градоначалник Владимир Талески дека сврталиште на демонстрантите што цел месец протестираат против него ќе биде „Филџано“,  сигурно немаше ни да ја постави скулптурата на филџан кафе на еден од кружните текови на влез во градот. Професионалниот актер Талески, кој трет мандат тера како градоначалник, сигурно читал дека во 1657 година англискиот крал ги забранил местата каде се пиело кафе тврдејќи дека таму опозицијата правела заговори против него.

    Кога ќе влезете во Битола од страната на Охрид ќе си помислите дека тука се произведува кафе. Ќе ве измами споменикот филџан, изум на локалната власт предводена од битолскиот градоначалникот Владимир Талески, поставен среде тревник на кружниот тек.  За магијата да биде поголема филџанот е полн со земја која треба да го прикажува кафето, а над него се издига зимзелено дрво во вид на чад. Демек, кафето е се уште топло и испарува. Намерникот би помислил дека кафето потекнува од Битола, а не од Бразил.

    Скулптурата „Клавир“ (Фото:СДК.МК)

    Скулптурата „Клавир“ .Откако Шарената револуција потсети на „големите„ проекти на локалната власт, престанаа да цутат розите во битолската „петроф“ икебана (Фото:СДК.МК)

    Филџанот, како што битолчани популарно го нарекуваат овој кружен тек стана aктуелен деновиве откако битолското движење, кое бара оставка од Талески,  одлучи со блокади да сврти внимание какви се „големи“ проекти направи градскиот татко во изминатите десет години владеење. Битолчани се прашуваат како ќе изгледаа Струмица ако на влезот од градот ставеа споменик на пиперка или Штип ако ја прикачеа пастрмајлијата за добредојде.

    Кружните текови во Битола станаа сврталишта на Шарената револуција и на герилата, оти тие се сметаат за најголеми достигнувања на Талески кој го тера третиот мандат.

    Филџан на влезот на Битола од страната на Ресен, а порано имаше и пајтон на излезот кон Прилеп, требаше да потсетат на народната „битолските бегови црно кафе пиеја, газети  читаа и политика бистреа“. Само што кафето на Турците, иако беговско, било многу поевтино од филџанот на кружниот тек на Талески. Ова тркало, како што го нарекуваат битолчани, заедно со уникатниот украс, Општината ја чинеше 44 милиони денари.

    Талески досега не соопштил колку вкупно пари се потрошени од општинската каса за четирите тркала кои се белег на инфраструктурниот подем на Битола.

    Но, дека не се заговори покажува фактот дека Битола за малку ќе ја изгубеше најакустичната концертна сала во градот. Таа се наоѓа во најатрактивниот објект на Широк Сокак,  Офицерскиот дом, кого државата без никакви претходни најави и дебати во јануари годинава го огласи за продажба по цена од 900.000 евра.  Колку иронично, од една страна се продаваше објектот со се концертна  сала каде низ историјата свиреле врвни пијанисти, а од друга Општината го украси кружниот тек  кај Веро со клавир „петроф“ да асоцира на битолската музичка традиција. Но, битолчани станаа на нозе и Владата се откажа од срамната продажба на архитектонскиот бисер на Широк Сокак наречен уште и битолски Версај.

    Се прикажува дека Битола го пречекала 20. век со 3000 клавири, а сега секоја година ја пречекува со толку жители помалку, оти се иселени. Низ клавирот на кружниот тек до пред неколку месеци цутеа рози, како  да е некаква жардинера. Но, последниов месец, откако Шарената револуција потсети на „големите„ проекти на локалната власт, престанаа да цутат розите во битолската „петроф“ икебана. Клавирот на кружниот тек кај Веро сега е празен.

    Револтот на битолчани од проектите на Талески го зголеми кружниот тек кај Црн Мост. Општината го градеше една година, со повеќе корекции, по цена од 36 млиони денари за да ја зголеми безбедноста во сообраќајот. Но, парите се потрошија, а пред неколку месеци во една сообраќајна несреќа кај тој кружен тек беа повредени седум лица.

    На Талески му останува уште на некој нов кружен тек да постави покер машина. Па нели, Битола пред три години доби награда од Лас Вегас за најдобра општина, велат на шега битолчани.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари