ФИЛИПЧЕ ЈА СТАВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЦЕЛАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА СИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА ШТО САКААТ ДА ЈА ИСТРАЖУВААТ БЕЗБЕДНОСТА НА СИТЕ МОДУЛАРНИ БОЛНИЦИ

    ФИЛИПЧЕ ЈА СТАВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЦЕЛАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА СИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА ШТО САКААТ ДА ЈА ИСТРАЖУВААТ БЕЗБЕДНОСТА НА СИТЕ МОДУЛАРНИ БОЛНИЦИВчера одделно од истрагата што ја водат ОЈО Тетово и Скопје, Обвинителството за организиран криминал и корупција по налог на шефицата Вилма Русковска, издаде наредба до Бирото за јавни набавки да му ја достави целокупната документација за јавните набавки на сите 19 модуларни ковид-болници во Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителството кое ја води истрагата за избувнувањето на пожарот во мобилниот ковид центар во склоп на Клиничката болница Тетово, имаше и човечки загуби.

    „Ја информираме јавноста и истражните органи дека стоиме на располагање на сите институции и сакаме да соработуваме и да ја приложиме целокупната документација со која располагаме, за поставувањето на сите 17 регионални ковид центри во државата. Стручни технички извештаи од извршените испитувања на отпорите на заштитното заземјување, испитување на непрекинатоста на заштитниот проводник и отпорите на распространување на инсталацијата за заштита од атмосферски празнења, сертификати за тестирање и квалитет на материјалите кои се вградени во префабрикуваните модуларни контејнери, сертификати за ѕидни и кровни панели, за подови, известувања за извршена хидро проба и тестирање на инсталираната водоводна мрежа, известувања за исполнетост на минимални технички барања во однос на конструкција, плафони, столарија, греење и ладење, инсталации и подови, изјава за сообразност, записници од примопредавање на префабрикуваните модуларни контејнери-регионални ковид центри, решенија за пренесување на вредност на модуларни контејнери, како и решенија за пренесување на вредност на инвентар и немедицинска опрема на болниците се достапни за увид”, тврди Министерството за здравство.

    Министерството за здравство вели дека откако изведувачот ќе ги поставел модуларните контејнери, се вршело нивно примопредавање.

    Примопредавањето го правеа инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот, вели министерот Венко Филипче.

    „Министерството за здравство несакајќи да се меша во јавно- обвинителските одлуки и дејствувања, ниту да наштети на независната истрага која ја води Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по претходна нивна дозвола, документацијата со која располагаме подготвени сме да ја доставиме на увид”, продолжува Филипче.

    Вчера одделно од истрагата што ја водат ОЈО Тетово и Скопје, Обвинителството за организиран криминал и корупција по налог на шефицата Вилма Русковска, издаде наредба до Бирото за јавни набавки да му ја достави целокупната документација за јавните набавки на сите 19 модуларни ковид-болници во Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира