ФИЛИПЧЕ ЌЕ ГИ МОТИВИРА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ ДА ОТВОРАТ ГИНЕКОЛОШКА АМБУЛАНТА ВО ШУТКА

    ФИЛИПЧЕ ЌЕ ГИ МОТИВИРА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ ДА ОТВОРАТ ГИНЕКОЛОШКА АМБУЛАНТА ВО ШУТКАМинистерот Филипче денес кажа дека затворањето на амбулантата во Шуто Оризари е одлука на д-р Мбира, која пред една недела најавила дека сака да отвори ординација на друго место. (Архивска фотографија)

    Населбата Шуто Оризари нема гинеколог, откако д-р Вјолце Мбира која имаше ординација, ја затворила и ја преселила во населбата Сингелиќ, велат жените од оваа скопска населба. Гинеколошката амбуланта беше отворена во септември 2017. Д-р Мбира е специјалист со долгогодишно искуство во американска болница во Албанија.

    „Сакаме да предупредиме за несаканите последици врз репродуктивното здравје на жените Ромки. Исто така потсетуваме дека доенечката смртност кај ромската популација е значително повисока во однос на неромското население. Ние, жените од Шуто Оризари, апелираме до надлежните институции – Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем. Како и сите жени, така и ние, жените Ромки, имаме право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје“, реагираат жените од населбата во писмата до медиумите.

    Министерот Филипче денес кажа дека затворањето на амбулантата во Шуто Оризари е одлука на д-р Мбира, која пред една недела најавила дека сака да отвори ординација на друго место.

    „Разговараме интензивно со други институции дали можеме да обезбедиме гинеколог преку системот на ротација. Доколку не може, ќе обезбедиме средства за дополнителна стимулација преку програмата на Министерството за здравство. Има голема бројка на специјализaнти, кои се при крај на специјализација и ќе разговараме со нив во деновите кои следат. Верувам дека ќе најдеме решение“, кажа Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира