ФИРМАТА НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ КОЧО АНЃУШЕВ ЌЕ ЈА МЕНУВА СОПСТВЕНИЧКАТА СТРУКТУРА, НЕГОВАТА ФУНКЦИЈА Е НЕСПОИВА СО ФУНКЦИЈАТА УПРАВИТЕЛ

    ФИРМАТА НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ КОЧО АНЃУШЕВ ЌЕ ЈА МЕНУВА СОПСТВЕНИЧКАТА СТРУКТУРА, НЕГОВАТА ФУНКЦИЈА Е НЕСПОИВА СО ФУНКЦИЈАТА УПРАВИТЕЛПромената на управувањето во ЕДС е поради изборот на досегашниот управител за заменик претседател задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија.- Кочо Анѓушев

    По заминувањето на Кочо Анѓушев во Владата на Република Македонија, неговата фирма ЕДС почна преговори за промена на сопственичката структура.

    „ЕДС, водечката македонска компанија за трговија со електрична енергија го избра м-р. Митко Кржовски за свој управител и започна преговори за промена на сопственичката структура. Митко Кржовски доаѓа од висока позиција во ЕДС и е дел од компанијата од нејзиното основање. Промената на управувањето во ЕДС е поради изборот на проф. д-р Кочо Анѓушев за Заменик претседател задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија.“, соопштија од компанијата.

    Менаџментот на ЕДС ја прифати определбата дека одлуката на Анѓушев да замине во Владата е во согласност со законските прописи и дека неговиот избор на функцијата Заменик претседател во Владата на Република Македонија е неспојлива со вршењето на функцијата управител на ЕДС.

    Менаџментот на ЕДС информира дека во согласност со бизнис програмата и акциониот план за работа во изминатиот период од неколку месеци се водат преговори за целосна промена на сопственичката структура на ЕДС Македонија.

    „Во преговорите, менаџментот на компанијата особено се концентрира на стабилноста и развојот на компанијата во иднина, имајќи ги предвид сите инволвирани субјекти. Процедурите за промени на сопствеништвото ќе бидат спроведени во согласност со законската регулатива во државата“, стои во соопштението на компанијата.

    ЕДС, како членка на меѓународната берза за набавка на струја и со поддршка од најдобрата балансна група, има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и искуство во набавката на струја на слободниот пазар. Со досегашната работа придонесе за зголемена конкурентност на пазарот и за намалување на цената на струјата во Македонија. ЕДС Македонија е компанија која е дел од ЕДС групацијата што дејствуваат во Југоисточна Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира