ФИРМИТЕ ОД УГОСТИТЕЛСТВО, ТУРИЗАМ И ТРАНСПОРТ МОЖАТ ДА АПЛИЦИРААТ И ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА И ЗА СУБВЕНЦИЈА НА ПРИДОНЕСИ

    ФИРМИТЕ ОД УГОСТИТЕЛСТВО, ТУРИЗАМ И ТРАНСПОРТ МОЖАТ ДА АПЛИЦИРААТ И ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА И ЗА СУБВЕНЦИЈА НА ПРИДОНЕСИМинистерката за финансии Нина Ангеловска и директоката на УЈП Сања Лукаревска на одбележување на Ден на УЈП. (Фото: СДК.МК)

    Фирмите од најпогодените дејности од КОВИД-19, угостителство, туризам и транспорт, ќе можат да ги комбинираат антикризните мерки 14.500 денари по вработен и 50 проценти субвенција на придонеси, што не беше случај досега, кажа министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција. Досега, тоа беа алтернативни мерки и не можеше да се користам истовремено.

    „Доколку фирмите немале загуба две години по ред, односно за 2018 и 2019 година, не се на листата на должници на УЈП од март 2020 година, заклучно февруари не доцнеле со плаќање на обврски по основ на кредити подолго од 90 дена од денот на достасување ќе можат да ги користат и двете антикризни мерки“, изјави Ангеловска.

    Ангеловска кажа и дека се олабавуваат условите за аплицирање, поврзани со задржување на бројот на вработени. Така, малите и микро претпријатија треба да задржат до минус 15 проценти од вработените, средните до минус 10 проценти и големите фирми до минус пет проценти од вработените. Досега, тие беа обврзани да го задржат истиот број на вработени до јули, односно два месеца по користење на мерката.

    Дополнителна поволност, вели Ангеловска, која им се дава на фирмите што ја користат мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, е можноста средствата кои ги земале преку меркава да им се трансформираат во грант, односно неповратни средства. Претходно беше предвидено компаниите кои би оствариле загуба годинава да не ги враќаат средствата од помошта.

    Таа рече и дека се проширува опфатот на мерката и со oние фирми кои последниве две години имаат добивка, кои не се на листата на должници на УЈП и кои до март годинава не доцнеле со плаќање на обврските по основ на кредит подолго од 90 дена од доспеаноста и доколку инвестираат еднаков или поголем износ на добиената поддршка во тренинзи на вработени, надградба на процеси, продуктивен капитал. Средствата и за нив ќе се трансформираат во грант.

    Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на истата прес-конференција кажа дека работодавачаите за користење на мерката од следниот месец треба да поднесат барање за финансиска поддршка преку системот еданоци најдоцна до 7 мај за платите во април, односно до 7 јуни за платите во мај. барањето УЈП ќе го потврди во рок од три дена од денот на прием.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира