ГАВРИЛ БУБЕВСКИ ИЗБРАН ЗА ОБВИНИТЕЛ НА СКОПЈЕ, НА ЧЕЛО НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ПРЕДМЕТИ

    ГАВРИЛ БУБЕВСКИ ИЗБРАН ЗА ОБВИНИТЕЛ НА СКОПЈЕ, НА ЧЕЛО НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ПРЕДМЕТИЗа Бубевски колегите од СЈО велат дека е експерт за гонење финансиски криминал, останува во тој дел да се докаже и како Обвинител на Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот специјален обвинител Гаврил Бубевски, познат како експерт за гонење финансиски криминал, е избран за шеф на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.

    На денешната седница, Советот на јавни обвинители го избра Стевчо Донев  за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип. Бесир Алиу е избран за шеф на ОЈО Тетово.

    На седницата беа пополнети и подолго време испразнетите места во Републичкото обвинителство. Соња Симовска и Љупчо Коцевски се избрани за обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

    ВО СЈО останаа да ги чуваат архивата и останатите државни ресурси само уште обвинителите Ленче Ристоска и Љубомир Лапе. Тие ги застапуваат на суд обвиненијата од СЈО за кои уште нема одлука. На Ристоска предметите ѝ се водат во Одделот за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје.

    Нови предмети во обвинителствата под кои се водат (ОЈО Скопје и ОЈО Куманово) не им се распоредуваат, а двајцата обвинители не знаат зошто е тој однос кон нив.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира