Приврзаниците на власта предводени од раководството на ГДОМ вечерва протсетираат пред седиштето на СДСМ.
Александар Пандов, еден од организаторите вели дека Македонија е нападната од внатрешен непријател, платениците на Сорос и од странски служби кои сакаат да го разединат македонскиот народ.
Членовите на ГДОМ се добро организирани. Тие дојдоа со автобуси од повеќе места во Македонија во центарот на Скопје и потоа се упатија кон седиштето на СДСМ. Таму ги пречека кордон полиција.
Демонстрантите викаат „ВМРО!“
„Оваа идеја е поддржана од СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев. Луѓето кои се најодговорни за оваа криза, за омаловажувањето на македонските институции и на сѐ што е македонско, од пред три дена се помилувани од претседателот Ѓорге Иванов. И вчера и денеска, собрани сме од цела Македонија и нашето незадоволство ќе го искажеме пред штабот на СДСМ. И вчера и денеска не фрливме ни еден камен, ниту пак предизвикавме неред. Тоа го прават луѓе кои се платени за тоа, за уништување на народниот имот и на македонските институции. Тука ќе се собираме сѐ додека протестираат оние кои сакаат да ги уриваат македонските државни институции“, рече Пандов.