ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ ВОЗИЛА И ОПРЕМА ЗА ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ОД 660.000 ЕВРА

    ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ ВОЗИЛА И ОПРЕМА ЗА ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ОД 660.000 ЕВРАДонацијата опфаќа 22 возила, од кои 10 Дачија дастер и 12 Форд фокус. (Фото: МВР)

    Германското сојузно министерство за внатрешни работи донираше возила и опрема во вредност од 660.000 евра за македонската гранична полиција. Донацијата денеска ја предаде германската амбасадорка Анке Холштајн, на која ѝ се заблагодари министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    „Неспорен е фактот дека од осамостојувањето на нашата земја до денес, Сојузна Република Германија беше и останува наш доследен поддржувач и партнер, давајќи огромен придонес во нашите напори да изградиме стабилно, демократско и просперитетно општество, подготвено да стане рамноправен член на евроатланските асоцијации“, кажа Спасовски.

    Донацијата опфаќа 22 возила, од кои 10 Дачија дастер и 12 Форд фокус, со вкупна вредност од 370.000 евра кои ќе бидат предадени за користење на Бирото за јавна безбедност за потребите на Граничната полиција, како и техничка опрема во вредност од 290.000 евра, која се состои од: опрема за присилно запирање на возила, oпрема за напредна проверка на документи, термални камери со долг домет, батериски лампи, светлечки стоп палки, чизми и флуоросцентни елечиња…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира