Германската канцеларка Ангела Меркел преку писмо му честиташе на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор за името со кој се решава 27-годишниот спор со Грција. Од Владата информираат дека Меркел во писмото навела дека Германија ќе го следи натамошното спроведување на договорот.
„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, срдечно ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој договор и силно ќе го поддржи“, се вели во писмото на Меркел до Заев.