ГЕРМАНИЈА ЈА ПРОГЛАСИ МАКЕДОНИЈА ЗА ОБЛАСТ ОД ВИСОК РИЗИК, НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ЌЕ ОДАТ ВО 10-ДНЕВЕН КАРАНТИН ПО ВЛЕГУВАЊЕТО

    ГЕРМАНИЈА ЈА ПРОГЛАСИ МАКЕДОНИЈА ЗА ОБЛАСТ ОД ВИСОК РИЗИК, НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ЌЕ ОДАТ ВО 10-ДНЕВЕН КАРАНТИН ПО ВЛЕГУВАЊЕТОНа 22 август Германија воведува нови правила за патниците од Македонија (Фото: СДК.МК)

    Германија повторно ја класифицираше Македонија како подрачје од висок ризик поради зголемениот број заразени со коронавирус, поради што од 22 август ќе важат нови правила за влез во земјата.

    Лицата над 12 години кои се целосно имунизирани со вакцина одобрена во Германија можат слободно да влезат во земјата, без разлика на целта на патувањето. Останатите ќе можат да влезат во Германија само доколку имаат неопходна причина, но притоа прво ќе мора да одат во десетдневен карантин. Најрано пет дена по влегувањето може да се направи тестирање за коронавирус и резултатот да се испрати преку сајтот за регистрација за влез во Германија.

    „Сите патници се должни веднаш по влегувањето во земјата да заминат директно во предвиденото сместување и да останат таму во карантин цело време. Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно, овој карантин трае десет дена. Ако во меѓувреме поднесете доказ за вакцинација или оздравување преку сајтот за влез, карантинот завршува предвреме“, објави амбасадата на Германија во Скопје.

    Германија досега ги има одобрено вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и на „Џонсон и Џонсон“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира