Германија смета дека претседателот Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот за влада и да се стави крај на блокадата во Македонија, изјави министерот за надворешни работи Зигмар Габриел. Тој вчера разговарал со неговиот шпански колега и за тоа дека им е заедничка грижата за развојот на Западен Балкан, пред сѐ, на Македонија.
„Сметам дека е потребно уште еднаш да се побара од македонскиот Претседател и од парламентарните партии сега да овозможат формирање на влада и да ѝ стават крај на блокадата. Постои парламентарно мнозинство во Собранието, кое се оформи после изборите и врз основа на изборите. Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност. Затоа сакаме да се ангажираме за тоа, на целиот Западен Балкан, а особено по однос на актуелната ситуација во Македонија, да се води грижа за да дојде до воспоставување на мирен и демократски соживот“, изјави германскиот министрер Габриел.