ГЛАСОТ ЗА МЕНЕ Е ГЛАС ЗА ЕУ И НАТО, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ МИТИНГ НА СДСМ

    ГЛАСОТ ЗА МЕНЕ Е ГЛАС ЗА ЕУ И НАТО, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ МИТИНГ НА СДСМ„Од држава изолирана, држава во неизвесност, денес членството во ЕУ и НАТО се реалност што се остварува“, кажа Стево Пендаровски; - Со лидерот на СДСМ Зоран Заев на митингот во Скопје под голем билборд на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордан Силјановска-Давкова (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски кажа дека глас за него е глас за продолжување на патот кон ЕУ и НАТО, на централниот митинг што се одржа денеска пред ЕУ-инфо центарот во Скопје. Тој кажа дека до пред две и пол години земјава била изолирана и во неизвесност, а денес, како што рече, меѓународната заедница нè гледа како сериозен партнер.

    „Од држава изолирана, држава во неизвесност, денес членството во ЕУ и НАТО се реалност што се остварува“, кажа Пендаровски, додавајќи дека со членството во ЕУ можеме да ги решиме децениските проблеми што не мачат.

    За противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски кажа дека таа ниту сака, ниту може да биде претседател на сите граѓани.

    Детал од атмосферата на митингот (Фото: Ѓ. Личовски)

    Покрај Пендаровски, на митингот зборуваа уште лидерот на СДСМ Зоран Заев, поранешниот ракометар Наумче Мојсоски и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

    Претседателските избори ќе се одржат на 21 април и 5 мај.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира