ГО ДОБИВ ДОГОВОРОТ, ЌЕ СЕ КОНСУЛТИРАМЕ СО МПЦ, ИВЗ И МАНУ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

    ГО ДОБИВ ДОГОВОРОТ, ЌЕ СЕ КОНСУЛТИРАМЕ СО МПЦ, ИВЗ И МАНУ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВМицкоски го повтори ставот на партијата дека не прифаќа уставни промени со цел промена на уставното име, дури и тој став е зацврстен. (Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ го доби договорот за решавање на спорот за името со Грција и ќе го анализира внатрепартиски, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски. Средбата со премиерот Зоран Заев во владата траеше кратко.

    „Немаше нови моменти кои можевме со премиерот Зоран Заев еден на друг да си ги кажеме. Побарав средба за да го добијам договорот. Откако ќе го анализираме внатре во партијата, ќе повикаме и консултации со МПЦ-ОА, ИВЗ, МАНУ, со овој договор можеби МАНУ нема да го има истото име туку ќе треба да се смени. Сакаме поширок дијaпазон на мислења“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, после средбата со Заев.

    Тој го повтори ставот на партијата дека не прифаќа уставни промени со цел промена на уставното име, дури и тој став е зацврстен.

    „Заев го монополизираше процесот на преговорите. Не стави пред свршен чин да коментираме капитулација“, рече Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски кажа дека се видел и со претседателот Ѓорге Иванов, кој за 17 часот има обраќање за јавноста.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари