ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ДОЈРАН БЛИЗУ ГРЧКАТА ГРАНИЦА, ЕКСПЛОДИРАЛЕ МИНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ДОЈРАН БЛИЗУ ГРЧКАТА ГРАНИЦА, ЕКСПЛОДИРАЛЕ МИНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНАПожарот е во реон со неексплодирани мини и се гаси со „ер тракторите“. (Фото: ЦУК)

    Попладнево изби голем пожар меѓу Богданци и Дојран, каде експлoдирале 4 мини од Првата светска војна. Пожарот се шири на фронтот од Првата светска војна каде има многу неексплодирани мински средства од војната.

    „Досега се слушнати 4 силни експлозии. Тоа што станува збор за реон со неексплодирани мини го усложнува гасењето оти пожарникарите не можат да се приближат. Ќе се гаси со ‘ер тракторите’ на Дирекцијата за заштита и спасување“, вели Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување и кризи (ЦУК).

    Пожарот се движи кон грчка територија и на едно место е префрлен, за што се известени властите во Грција, рече Ангелов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира