Пожарот што попладнево изби близу Кочани, поради силниот ветер и сувата вегетација брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало, јави државната агенција МИА.
Противпожарна екипи од Кочани се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.
Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење.
Во локализирањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.