ГОЛЕМ ПОЖАР ЗАФАТИ И КУЌИ ВО КОЧАНИ

    ГОЛЕМ ПОЖАР ЗАФАТИ И КУЌИ ВО КОЧАНИКако превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани. (Фото: Твитер)

    Пожарот што попладнево изби близу Кочани, поради силниот ветер и сувата вегетација брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало, јави државната агенција МИА.

    Противпожарна екипи од Кочани се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

    Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење.

    Во локализирањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира