ГОНИМЕ КРИМИНАЛНА ГРУПА ВО ВРВОТ НА ВЛАСТА, А НЕ ОБИЧНИ КРИМИНАЛЦИ, ВЕЛИ ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГОНИМЕ КРИМИНАЛНА ГРУПА ВО ВРВОТ НА ВЛАСТА, А НЕ ОБИЧНИ КРИМИНАЛЦИ, ВЕЛИ ЈАНЕВА

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска повторно укажа дека одредени судии ја блокираат работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Таа предупреди дека судијата „може да ја злоупотреби својата службена должност и овластување кога станува збор за висока корупција од страна на високи функционери од власта што ја истражува СЈО“.

    „Судот треба да сфати дека СЈО не гони обичен криминал, туку ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта и затоа судот мора совесно, чесно и професионално да си ја извршува својата должност кога станува збор за случаите на Специјалното јавно обвинителство, што за жал не е така“, изјави Јанева,на презентацијата на истражувањето „Неосновано притворени – правни и буџетски последици“, во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје.

    „Ние ги образложуваме сите предлози за притвор, но како што знае јавноста, од одреден број судии тие се одбиваат на ист начин, иако ние ја следиме судската и европската практика за тоа како треба да се бара притвор и други мерки за обезбедување на осомничени. Не сме задоволни од постапувањето на судот по нашите предмети. Кога ги поднесуваме барањата за претрес или притвор, секој пат одредено лице, одреден судија одлучува по нашите барања“, рече Јанева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира