ГОРАН ГРУЈОВСКИ, ЕКСНАЧАЛНИКОТ НА ПЕТТАТА УПРАВА, ОБВИНЕТ ОД СЈО ДЕКА ГИ ЗАПАЛИЛ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА НЕЛЕГАЛНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГОРАН ГРУЈОВСКИ, ЕКСНАЧАЛНИКОТ НА ПЕТТАТА УПРАВА, ОБВИНЕТ ОД СЈО ДЕКА ГИ ЗАПАЛИЛ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА НЕЛЕГАЛНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и шестмина вработени во Управата, денеска добија обвиненија од Специјалното јавно обвинителство за фалсификување службени исправи, зашто противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување.

    За ова кривично дело пропишана е затворска казна до пет години.

    “Првообвинетиот незаконски формирал 6-члена комисија и таа незаконска комисија, по негова наредба, првин извршила попис на сите списи кои се однесувале на следените комуникации што ги врши управата, со цел да ги ништат. Таму имало и класифицирани информации. Без уредби и вон секоја процедура, на локација која ја одредил првообвинетиот, шестчлената комисија ги запалила списите со содржина кој прислушувал, кого го прислушувала управата, кој период, по чиј налог“, објасни обвинителката Фатиме Фетаи.

    И во овој случај СЈО очекува осудителна пресуда за сите седум обвинети. Постапката на покренување обвинение е кратка. Сепак, СЈО не знае кога би почнал овој судскиот процес.

    Грујовски е првоосомничен и во случајот „Тврдина“, каде е под истрага на СЈО дека раководел со уништувањето на техничката опрема со која било вршено прислушувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира