ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР ВО ПОЛИЦИЈА ПОРАДИ УЧЕСТВО НА ПРОТЕСТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР ВО ПОЛИЦИЈА ПОРАДИ УЧЕСТВО НА ПРОТЕСТИ

    Проф. Гордан Калајџиев, прeтседател на Хелсиншкиот Комитет на Македонија и професор на Правниот факултет на УКИМ, утрово во 9 часот е повикан на информативен разговор во МВР, во врска со негово учество на протест на Шарената револуција, изјави тој за Дојче веле. Поканата за информативен разговор му ја предале полицајци, кои со службено полициско возило го дочекале пред неговиот дом, кога тој со синот се враќал од прошетка низ градот.

    „Ова е еден вид автогол на тоталитарната власт. На разговор се повикуваат лица кои се залагаат за правда и правна држава, додека најголемите криминалци се на слобода и под заштита на полицијата. Како причина за поканата за разговор, буквално стои ‘учество во протести’. Учеството во протест не е уставно забранета категорија. Претпоставувам дека ќе ме товарат за фрлање боја, а мојот одговор ќе биде дека тоа е нужна одбрана на правната држава, бидејќи на граѓаните не им останува друго средство. Таа ‘штета’ од бојата е симболична и многу помала од државниот удар што и е нанесен на Македонија“, изјави проф. Калајџиев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари