ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА СПРОВЕДЕНА ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО, ПОЧНУВА ДА ЈА ИЗДРЖУВА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА МЕРЦЕДЕСОТ НА ГРУЕВСКИ

    ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА СПРОВЕДЕНА ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО, ПОЧНУВА ДА ЈА ИЗДРЖУВА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА МЕРЦЕДЕСОТ НА ГРУЕВСКИЕксминистерката Гордана Јанкулоска е осудена на четири години затвор зашто го поттикна Ѓоко Поповски од МВР да му купи блиндиран мерцедес на Груевски од 600.000 евра од парите на полицијата, на незаконит начин (Фото: СДК.МК)

    Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска осудена правосилно на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот од речиси 600 илјади евра за Никола Груевски, вечерва со полиција е спроведена во женското одделение во затворот „Идризово“. Ноќва таа почнува да ја отслужува затворската казна.

    Јанкулоска одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.

    Тој е осуден на две години затвор, но избега во Унгарија.

    Јанкулоска сега на судењата за масовното незаконско прислушување „Тврдина-Таргет“ и за злоупотребите и злосторничкото здружување во три изборни циклуси (случај „Титаник“), ќе биде спроведувана од затвор.

    Врховниот суд на Република Северна Македонија на 18 септември ги одби барањата на осудените Ѓоко Поповски, Гордана Јанкулоска и Никола Груевски за злоупотреби при набавката на мерцедесот за вонредно преиспитување на затворските пресуди за случајот „Тенк“.

    Поповски поради високата казна одамна е во затворот „Идризово“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира