ГРАДИНКИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПРИРАЧНИК ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ДЕЦА СО ДИЈАБЕТЕС, ВО ЗЕМЈАВА ИМА 700 БОЛНИ ДЕЦА И АДОЛЕСЦЕНТИ

    ГРАДИНКИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПРИРАЧНИК ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ДЕЦА СО ДИЈАБЕТЕС, ВО ЗЕМЈАВА ИМА 700 БОЛНИ ДЕЦА И АДОЛЕСЦЕНТИПротоколот е прв стручно изработен и рецензиран прирачник за постапување со 700 деца со дијабетес тип 1 во Македонија. (Фото: Општина Центар)

    Градинките во земјава ќе добијат Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и градинките, кој беше промовиран денеска во градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје. Протоколот го издаде Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК, а со поддршка од Министерството за здравство. Прирачникот ќе биде објавен на веб-страната на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и на веб-страните на градинките.

    Протоколот претставува прв стручно изработен и рецензиран прирачник за постапување со 700 деца со дијабетес тип 1 во Македонија кои што редовно посетуваат градинки, основни и средни училишта, а бара пошироко институционално имплементирање и прифаќање.

    „За нас секое дете е важно и секое дете заслужува да има еднаков пристап до ресурсите во општеството во однос со останатите деца. Прирачникот е наменет и за воспитниот кадар за вработените, како да пристапиме кон децата со дијабетес и како да не ги дискриминираме, односно да овозможиме еднаков третман на сите деца во градинките. Загрижувачки е податокот дека зачестеноста на дијабетесот во светот се зголемува и истражувањата покажуваат дека токму децата се во зголемен ризик од развивање на оваа болест, за жал податоците откриваат дека ова аболест е се повеќе присутен во предучилишното образвание и оттука е важеноста на протоколот за постапување со овие деца во образовните институции. Верувам дека протоколот ќе придонесе за подобра едукација за сите вклучени во процесот“, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на промоцијата.

    Претседателката на Асоцијацијата, Наташа Деспотовска-Димитриевска, рече дека во Македонија има регистрирано над 130 илјади лица со дијабетес.

    „Од нив околу 5.000 се лица со тип еден дијабетес, а тука се и тие дечиња за кои што е овој протокол наменет и изработен стануива збор за 700 деца и адолесценти до 18 години кои ги посетуваат градинките, основните и средните училшта“, кажа таа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира