ГРАДОТ СКОПЈЕ АПЕЛИРАШЕ ДА НЕ СЕ ОДИ КОН АВТОКОМАНДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАДОТ СКОПЈЕ АПЕЛИРАШЕ ДА НЕ СЕ ОДИ КОН АВТОКОМАНДА

    Сообраќајот во Скопје е во прекин на повеќе точки поради поплавени улици и крстосници. Штабот за заштита и спасување на градот Скопје апелираше граѓаните да не се упатуваат кон Автокоманда, бидејќи клучката кај „Континентал“ е блокирана.

    Поплавени се и улици во Кисела Вода, подвозникот на булевар „Србија“ кон Аеродром и дел од булеварот Кочо Рацин во Центар. Службите на Градот Скопје се на терен и работат со механизација и пумпи, но се уште не е воспоставено нормално одвивање на сообраќајот. Штабот за заштита и спасување на Скопје, исто така, апелираше до граѓаните што се заглавени на некоја од критичните точки да останат во своите возила, додека да пристигне помош. Досега се регистрирани шест откорнати дрва и едно згмечено возило.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари