ГРАЃАНИТЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ СЕ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПОБАРА МИЦКОСКИ ПО СРЕДБАТА СО КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ

    ГРАЃАНИТЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ СЕ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПОБАРА МИЦКОСКИ ПО СРЕДБАТА СО КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИМицкоски побара предвремени избори и на 11 јануари, веднаш по гласањето во Собранието за уставните измени. - Христијан Мицкоски (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш побара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори за да можат граѓаните, како што кажа тој, да одлучат дали се за Северна Македонија или се за Република Македонија.

    „Коалицијата ‘За подобра Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ инсистира на организирање предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори и на тој начин граѓаните да одлучат дали се за понижена Северна Македонија или се за горда Република Македонија. Бараме веднаш и без одложување распуштање на Собранието“, изјави Мицкоски по денешната средба со коалициските партии во седиштето на неговата партија.

    Мицкоски побара предвремени избори и на 11 јануари, веднаш по гласањето во Собранието за уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа. Следниот ден, за барањето на Мицкоски за вонредни парламентарни избори заедно со претседателските, Заев рече дека иако лично смета оти Мицкоски бара избори, а „моли Бога да не се случат“, бидејќи тоа е барање на лидер на опозицијата, СДСМ сериозно ќе го отвори прашањето и ќе ја извести јавноста веднаш штом донесе одлука.

    На 15 јануари, претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека првиот круг од претседателските избори најверојатно ќе се одржи на 21 април, а евентуалниот втор круг во тој случај би се одржал на 5 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира