ГРАЃАНИТЕ САМИ СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЗА ПОМОШ, ДВА ИНЦИДЕНТИ СО ГРУЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАЃАНИТЕ САМИ СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЗА ПОМОШ, ДВА ИНЦИДЕНТИ СО ГРУЕВСКИ

    Пунктовите за помош на настраданите во поплавите во скопскиот регион, самоницијативно организирани од граѓаните на неколку локации во градот функционираа вчера, а ќе продолжат со работа и во наредните денови, и покрај апелите на Црвен крст дистрибуцијата на донациите до погодените подрачја да оди преку нив.

    Од Црвен крст се повикуваат на владина одлука, според која донациите треба да се доставуваат до двата пункта на Црвен крст во Момин Поток и во училиштето „Наум Наумовски-Борче“, но волонтерите од самоиницијативните пунктови со намера помошта побрзо да стигне до жителите од погодените подрачја, сами ги носат и директно делат донации куќа по куќа во Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Ченто и Брњарци.

    „Доброволците, во координација со локални жители, собираат информации каква помош е потребна на конкретни локации и потоа таму ги доставуваат собраните средства. Дополнително се информираме што и каде недостасува од групите на Фејсбук и објави на Твитер. Никој не може да ни забрани да се организираме како граѓани и да носиме помош таму каде што ќе ни побараат. На овој начин сме сигурни дека помошта оди таму каде што е најпотребна“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК волонтери од пунктот кај „Веро Џамбо“.

    humanitaren-punkt-vero

    Волонтерите сами ги носат и директно делат донации куќа по куќа со намера помошта побрзо да стигне до жителите од погодените подрачја

    Се самоорганизираат и дијабетичарите за да им се помогне на болните од дијабетес од погодените подрачја, на кои им е потребен инсулин на дневна база. Од Здружението на дијабетичари се пожалија дека не можат да дојдат до официјални бројки за болни од дијабет во поплавените делови и самоиницијативно го објавија телефонскиот број од здружението 078/883-838 на кој помош може да побара секој. Тие истакнуваат дека немаат право да делат инсулинска терапија, но подготвени се да помогнат со сопствените залихи, кои лично ги имаат нивните членови, бидејќи се сомневаат дека на дијабетичарите од поплавениот регион им се однесени и залихите со инсулин.

    poplava-stajkovci-006

    На жиро сметката на Фондот за солидарност до вчера беа собрани 5.151.486 денари, а од донирање по 100 денари со повик на 075/070/077 143-400 беа собрани 7.910.000 денари

    Од Црвен крст информираа дека за три дена дистрибуирале 5.500 пакети храна, 55 тони вода, 190 душеци, 356 кебиња и 210 килограми облека.

    „Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227) и во ОУ „Наум Наумовски Борче“, соопшти Црвен крст со уште еден апел „во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа“.

    За време на вчерашната посета на Никола Груевски на Сингелиќ се случија два одвоени инциденти. Поранешниот премиер и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, првин беа нападнати вербално oд група граѓани, незадоволни од тоа како институциите се справуваат со последиците од поплавите.

    Потоа, бугарската телевизија „Нова“ регистрираше едно лице како физички нападна граѓанин, кој му се пожали на премиерот дека жителите се оставени сами на себе. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека „лицето кое се гледа на снимката не е дел од придружбата, ниту пак дел од тимот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и не е член на партијата“, а нападнатиот граѓанин го оквалификуваа како „уфрлен провокатор од СДСМ“.

    Вчера беше пронајдена уште една жртва, 12-годишно момче, со што бројот на загинати во невремето во саботата стигна до 22. Како исчезнато се води и едно 16-месечно девојче. Шабан Салиу, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, кажа дека знаат за уште три или четири лица исчезнати, но потврда на таквата информација немаше од ниту една друга институција.

    Најпотребни средства за донирање се: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи

    Најпотребни средства за донирање се: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи

    Управата за хидрометеоролошки работи најави ново невреме за четврток и петок.
    „В четврток попладне и во петок ќе бидеме под влијание на влажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Во петок преку денот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот“, соопшти УХМР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари