ГРАНИЦИТЕ СЕ ОТВОРААТ В ПЕТОК 26 ЈУНИ, АЕРОДРОМИТЕ ИДНАТА СРЕДА, 1 ЈУЛИ, БЕЗ НИКАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА

    ГРАНИЦИТЕ СЕ ОТВОРААТ В ПЕТОК 26 ЈУНИ, АЕРОДРОМИТЕ ИДНАТА СРЕДА, 1 ЈУЛИ, БЕЗ НИКАКВИ ОГРАНИЧУВАЊАОд петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Граничниот премин Табановце (Фото: Ѓ.Личовски)

    Од 1 јули, идната среда повторно се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид, објави министерот за транспорт Горан Сугарески, а влезот во земјава на граничните премини ќе биде без никакви органичувања уште од овој петок. Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека овие одлуки се донесени на денешната владина сседница по препорака на Комисијата за заразни болести.

    „Од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Владата денеска донесе Одлука од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“, напиша Спасовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира