ГРУЕВСКИ ДОЈДЕ НА СУД ДА СЕ СООЧИ СО ЖЕРНОВСКИ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР, ФАТИМЕ НА СЛУЖБЕН ПАТ

    ГРУЕВСКИ ДОЈДЕ НА СУД ДА СЕ СООЧИ СО ЖЕРНОВСКИ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР, ФАТИМЕ НА СЛУЖБЕН ПАТМесто службено отсутната Фатиме Фетаи, Специјалното јавно обвинителството го застапуваат Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски. (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот експремиер Никола Груевски за нарачка на насилствата во Општина центар и шамарите за градоначалникот Андреј Жерновски во 2013 година, дојде со доцнење на денешното судско рочиште. На денешното рочиште не дојде обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи, која е службено отсутна. Место неа денеска се обвинителите Гаврил Бубевски и Трајче Пеливанов.

    За првпат откако е почнато судењето, тој се соочува со Андреј Жерновски во судницата, бидејќи како оштетен, денеска дојде и градоначалникот на Центар, за кого според прислушуваните разговори и обвинението на СJO, Груевски нарачувал да влезе некој од насилниците и да му удри 5-6 јаки шамари.

    На судските покани се одзваа обвинетите Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Томислав Лазаров и останатите обвинети за насилниот напад врз општината и советниците. На барање на судијката Татја Михајлова, денеска дојдоа и оштетените и сведоците за првпат, предводени од градоначалнокот Жерновски и Саша Богдановиќ.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира