ГРУЕВСКИ ДОЈДЕ ВО СОБРАНИЕТО ПРВПАТ ПО ТЕПАЧКАТА СО ЏАФЕРИ КОГА СЕ НОСЕШЕ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

    ГРУЕВСКИ ДОЈДЕ ВО СОБРАНИЕТО ПРВПАТ ПО ТЕПАЧКАТА СО ЏАФЕРИ КОГА СЕ НОСЕШЕ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕИзутрината Никола Груевски го одложи рочиштето за предметот на СЈО „ТНТ“, во Основниот суд Скопје 1 за да присуствува на седницата на која што се расправа за предлогот за уставни измени. По утврдувањето на дневниот ред, кога премиерот Зоран Заев даваше образложение за уставните измени, Груевски ја напушти пленарната сала. Тој повторно се врати во собраниската сала во попладневниот дел од дебатата и седеше до крај на денешната расправа (Фото: Ѓ.Личовски)

    Поранешниот премиер Никола Груевски, за првпат по 7 месеци, присуствуваше на денешната седница на Собранието, на која што пратениците расправаа за Предлогот на Владата за пристапување кон уставни промени. Груевски беше во салата на почетокот до утврдување на дневниот ред од претседателот на Собранието Талат Џафери и одбивањето на предлогот на сопартиецот Илија Димовски за тргање на Предлогот за пристапување кон уставни измени од дневниот ред.

    По утврдувањето на дневниот ред, Груевски ја напушти пленарната седница. Долгогодишниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ повторно се врати во собраниската сала во попладневниот дел од дебатата и седеше до крај на денешната расправа. Груевски не беше пријавен денес за дискусија. За дискусија се пријавени околу 60 пратеници.

    Претходно, Груевски последен пат во Собранието присуствуваше на собраниска седница на 14 март годинава, кога се гласаше Законот за употреба на јазиците. Тогаш Груевски за малку не предизвика тепачка со претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: М. Златевска)

    Расправата за предлогот за уставни измени ќе продолжи утре во 11 часот.

    Груевски, обвинет за нарачка на одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, сабајлето го одложи рочиштето за предметот на СЈО „ТНТ“, во Основниот суд Скопје 1. Тој стана и побара да биде ослободен, зашто како што кажа, на дневен ред во Собранието биле уставните измени и тој сака да присуствува.

    Претходно, Груевски последен пат во Собранието присуствуваше на собраниска седница на 14 март годинава, кога се гласаше Законот за употреба на јазиците.

    Тогаш Груевски за малку не предизвика тепачка со претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој го испрска со вода Џафери, му ја зема картичката за гласање, по што Џафери даде пауза и стана да си оди, но беше запрен од поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, при што дојде до турканица меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше и ги раздели пред да дојде до тепачка.

    Од март, од седницата за гласањето за употреба на јазиците до денес, Груевски е пријавен како оправдано отсутен од собраниските седници.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира