ГРУЕВСКИ ГО ПРИМИ МОМЧЕТО ШТО СЕ ОНЕСВЕСТИ ДОДЕКА ДАВАШЕ ОТЧЕТ ЗА ОТЧЕТОТ НА ЗАЕВ

    ГРУЕВСКИ ГО ПРИМИ МОМЧЕТО ШТО СЕ ОНЕСВЕСТИ ДОДЕКА ДАВАШЕ ОТЧЕТ ЗА ОТЧЕТОТ НА ЗАЕВГруевски вели дека за време на прес-конференцијата не забележал дека момчето паднало - (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва го прими момчето кое попладнево се онесвести за време на неговото обраќање по повод отчетот на премиерот Зоран Заев за 100-те дена Влада. На момчето, кое стоеше зад Груевски, откако му се слоши и падна, никој од останатите околу него не му помогна за да не се растури протоколот.

    МОМЧЕ СЕ ОНЕСВЕСТИ ДОДЕКА ЗБОРУВАШЕ ГРУЕВСКИ, НИКОЈ НЕ СЕ МРДНА ДА НЕ СЕ РАСТУРИ РЕДОТ

    Груевски во објава на Фејсбук кажа дека не забележал како паѓа момчето.
    „На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение“, објави Груевски.

    На прес-конференцијата, Груевски оцени дека Владата на Заев ја води земјата во катастрофа на сите полиња и повика на 15 октомври граѓаните на локалните избори да гласаат масовно за коалицијата предводена од неговата партија. Според него, тоа ќе биде доволно да се распишат нови парламентарни избори за да може ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе од 51 пратенички места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира