ГРУЕВСКИ НЕ ПОДНЕЛ БАРАЊЕ ЗА АПАНАЖА ДО СОБРАНИЕТО

    ГРУЕВСКИ НЕ ПОДНЕЛ БАРАЊЕ ЗА АПАНАЖА ДО СОБРАНИЕТОУнгарската канцеларија за имиграција и азил првично му одобри статус на бегалец на Груевски на 20 ноември 2018, а на 5 април 2019 ја потврди одлуката, која е конечна. - Груевски вчера во судница во Будимпешта (Фото: СДК.МК)

    Осудениот поранешен пратеник Никола Груевски не поднел барање за апанажа до Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите рече дека досега до Собранието не е пристигнато барање за апанажа од Груевски.

    Избеганиот Груевски Груевски на 1 јуни на својот Фејсбук најави дека самиот ќе си поднесе оставка од функцијата пратеник, откако три дена претходно Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе одлука да му предложи на Собранието да му се одземе пратеничкиот мандат поради неоправдано отсуство од шест месеци. Оставката на Груевски пристигна во Собранието на 5 јуни, а му беше констатирана на собраниската седница одржана на 11 јуни. Тој има рок 30 дена да поднесе барање.

    Досега барање за апанажа не поднел ниту Павле Богоевски, кој си даде оставка, кажа Џафери.

    Судот во Будимпешта вчера го одби барањето за екстрадиција од македонските власти за азилантот Никола Груевски со образложение дека неговиот статус на бегалец е пречка за негово враќање во Македонија сега и во иднина. Како што кажала судијката Ева Варежи по вчерашното рочиште, според унгарскиот закон, лице на кое му бил одобрен статус на бегалец не може да биде екстрадирано во земјата од која што избегало.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира