ГРУЕВСКИ ОСТАНУВА ПРАТЕНИК

    ГРУЕВСКИ ОСТАНУВА ПРАТЕНИКЗа одземање на мандатот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ гласаа 58 пратеници, далеку од потребните 80. - Груевски во Собранието (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собранието не му го одзеде пратеничкиот мандат на Никола Груевски, бидејќи на денешното гласање немаше двотретинско мнозинство. За одземање на мандатот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ гласаа 58 пратеници, а против беа 29.

    На пленарната седница во Собранието немаше дискусија и по кратка постапка пратениците не ја прифатија одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на Груевски поради правосилната двегодишна затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“.

    Груевски сега ја чека одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 по неговата жалба за одлагање на затворската казна, која требаше да почне да ја издржува најдоцна до 8 ноември.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира