ГРУЕВСКИ, ПЕШЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ НЕ САКААТ ЈАВНОСТА ДА ГИ СЛУШНЕ КЛУЧНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ ВО „ТРАЕКТОРИЈА“

    ГРУЕВСКИ, ПЕШЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ НЕ САКААТ ЈАВНОСТА ДА ГИ СЛУШНЕ КЛУЧНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ ВО „ТРАЕКТОРИЈА“Поранешниот премиер Никола Груевски на обвинителната клупа во Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Одбраната на Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и на ексминистерот Миле Јанакиески, побараа најбитните „бомби“ за случајот „Траекторија“ да не се пуштат денеска во Основниот суд Скопје 1 во присуство на јавноста.

    Судијата Горан Бошевски ги тргаше настрана тие прислушувани разговори, на што реагираше специјалната обвинителка Лиле Стефанова.

    „Не се овие приватни разговори за да не ги пуштате сега. За најсуштинските разговори одбраната бара судот да не ги пушта јавно. И да одлучите подоцна да ги пуштите судија, веќе ќе биде изгубен континуитетот“, се побуни Стефанова.

    „Ние штитиме државен интерес и ќе го докажеме тоа“, дофрли Пешевски.

    Сепак, судијата Бошевски остана на тоа да ги трга настрана сите бомби за кои одбраната ќе побара. Ќе одлучел подоцна дали и кои од оспорените разговори ќе ги пушти пред новинарите.

    Во моментов се пуштаат разговори како одел текот на преговорите за изградба на автопатот Миладиновци-Штип, без тендер за 288 милиони евра, пари обезбедени со задолжување од кинеската „Ексим“ банка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира