И ГРУЕВСКИ ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА ЈАНЕВА НА СУДЕЊЕТО ЗА МЕРЦЕДЕСОТ

    И ГРУЕВСКИ ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА ЈАНЕВА НА СУДЕЊЕТО ЗА МЕРЦЕДЕСОТПретходно обвинетите во предметите на СЈО бараа изземање на судиите. - Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1 (Фото: М. Златевска)

    По „Титаник 3“ и судењето за „Тенк“, и двата предмети на СЈО, се прекина денсека во Основниот суд Скопје 1 со истото барање за изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева. Првпат денеска беше побарано изземање на Јанева од предмети што се почнати во Кривичниот суд по обвиненија на СЈО. Досега се бараше изземање на судиите кои ги водат овие предмети, како и на судии од Апелациски суд, кои по претпоставка би дошле во допир со предметите во иднина, но беа одбивани.

    И во овој случај, одбраната на обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски како причина за изземањето ја наведоа претпоставката дека Катица Јанева, како граѓанин, со кривичното дело за кое што се товарат обвинетите е оштетена. Теоријата на адвокатите е дека СЈО е корисник на буџетски средства и дека поради тоа Јанева е оштетен граѓанин поради што се бара нејзино изземање од постапката за набавката на блиндираниот мерцедес од речиси 600.000 евра.

    СЈО побара пауза до 14 часот за да одлучи Јанева за изземањето на специјалните обвинители Ленче Ристоска и Стевчо Донев бидејќи покрај неа, изземање беше побарано и за нив двајца, како застапници на обвинението.

    За Јанева не е предвиден орган во државата кој би одлучувал за нејзиниото евентуално изземање бидејќи државниот обвинител не смее тоа да го прави.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира