Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 14 часот треба да се појави на распит во Основниот суд Скопје 1, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, од извори во судот.
Груевски заедно со поранешниот министер Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски се осомничени во случајот „ТНТ“што го води Специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот Космос.
СЈО доставило предлог на екс премиерот Никола Груевски да му биде определена мерка за обебзедување на присуство.