ХАЈНДЛ ОД БРИСЕЛ ПРЕКУ СКОПЈЕ ВО АТИНА

    ХАЈНДЛ ОД БРИСЕЛ ПРЕКУ СКОПЈЕ ВО АТИНА

    СПЕЦИЈАЛНО ОД БЕРЛИН ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК – СИЛВЕРА ПАДОРИ – КЛЕНКЕ

    Специјалниот пратеник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл кој утре ќе дојде во Скопје сигурно ќе оди и за Атина, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од германската влада. Не кажуваат за точниот датум затоа што, како што велат се е врзано со времето и краткорочно организирање на средбите со најповиканите.

    Причината, како што велат нашите извори е едноставна. Независно од спорот со името Грција има важна улога за стабилен и демократски развој на Македонија. И Германија тоа го почитува.

    Од извори на германското сојузно министерство за надворешни работи дознаваме дека специјалниот пратеник за Македонија по дводневните консултации што ги имал во Берлин, од синоќа е во Брисел. Тешката внатрешнополитичка криза во Македонија е на агендата на разговорите на Хајндл со претставниците на  Европската комисија и на Европската служба за надворешна политика.

    Тој како што соопшти германската амбасада во Скопје од утре ќе биде во дводневна посета на Македонија и ќе има средби со четворицата потписници на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и со другите амбасадори на ЕУ-земјите.

    На агендата на Хајдл, се и консултациите со САД и другите партнери кои имаат интерес за решавање на тешката политичка ситуација во Македонија. За таа цел се планирани и разговори на  специјалниот пратеник и во Вашингон и во Хаг, затоа што Холандија во моментов е претседавач со ЕУ.

    Ноќеска на полноќ истекува рокот за пријавување кандидатски листи за пратеници за предвремените избори закажани за 5 јуни.

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари