ХАКИРАНИ САЈТОВИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    ХАКИРАНИ САЈТОВИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ„Во моментов се истражува што точно се случило“, велат од Министерството за здравство. (Фото: К. Попов)

    Хакирани се и не функционираат официјалните веб сајтови на Министерството за здравство и на Министерството за образование и наука (МОН). Од Министерството за здравство соопштија дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата, додека од МОН велат дека кај нив функционираат службените мејлови.

    „Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме“, велат од кабинетите на министерите Венко Филипче и Арбер Адеми.

    Минатата недела не функционираше сајтот на Државната изборна комисија (ДИК), а хакерски беше нападнат агрегаторот на вести Тајм.мк.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира